📽️Дански европратеник: „Трамп, е*и се“

Инцидентот се случи додека се дискутираше за американските интереси во Гренланд, а Вистисен ја критикуваше идејата на Трамп за ставање на данската територија под американска контрола, што претседателот го оправда со наводен национален и глобален безбедносен императив

од Vladimir Zorba
21 прегледи Фото: Х/Принтскрин/Clash Report

За време на неодамнешната жестока дебата во Европскиот парламент за иднината на Гренланд, данскиот европратеник Андерс Вистисен директно се обрати на претседателот Доналд Трамп, велејќи:

– Ќе користам зборови што ги разбирате. Господине претседателе, е*ете се!

Инцидентот се случи додека се дискутираше за американските интереси во Гренланд, а Вистисен ја критикуваше идејата на Трамп за ставање на данската територија под американска контрола, што претседателот го оправда со наводен национален и глобален безбедносен императив.

Вистисен, 38-годишен европратеник, рече дека Гренланд не е на продажба, а потоа дополнително ги засили своите критики со изрази што ги прекршија парламентарните правила.

Потпретседателот на Парламентот, Николае Штефануца, брзо реагираше, предупредувајќи го европратеникот: „Жал ми е, колега, ова е против нашите правила. Имаме јасни правила за пцуење и несоодветен јазик во оваа сала. Тоа е неприфатливо, дури и ако имате силни политички ставови“.

По предупредувањето, Вистисен го одржа остатокот од својот говор на дански јазик, а потоа ја напушти говорницата.

Слични содржини