Скопјанец со закани барал пари од поранешниот партнер на неговата ќерка

Таткото барал да му се врати сума пари што наводно ги давал за кирија, за поправки на автомобил и за други трошоци додека сите тројца живееле заедно во изнајмен стан во Карпош

од Nikola Popovski
16 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб

На 21.01.2026 во 20:00 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за насилен криминал-Одделението за насилен криминал при СВР Скопје го лишија од слобода Т.С.(57) од с.Идризово, скопско.

Според пријавеното, тој претходно се заканувал на 26-годишен маж од скопско, поранешно партнер на неговата ќерка, барајќи да му врати сума пари што наводно ги давал за кирија, за поправки на автомобил и за други трошоци додека сите тројца живееле заедно во изнајмен стан во населбата Карпош.

Имено, по пријавување на настанот и по известување на надлежен јавен обвинител, земен е записик за примање на пријава за кривично дело „изнуда“ по член 258 од Кривичниот законик и вчера (21.01.) во угостителски објект во Скопје Т.С. е лишен од слобода откако претходно примил крим-технички обработени 200 евра од пријавителот.