Син испраќал закани кон родителите, таткото го пријавил во полиција

Лишен од слобода скопјанец кој им испраќал заканувачки пораки на своите родители

од Nikola Popovski
20 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб

На 23.01.2026 во 11:40 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.А.(27) од скопско, постапувајќи по претходна пријава од неговиот 60-годишен татко, дека на 22.01.2026 околу 00:30 часот на мобилниот телефон добил заканувачки пораки за неговиот и животот на неговата сопруга.

По целосно документирање на случајот, против Д.А. ќе следува соодветен поднесок.