ДУИ реагира на изјавата на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска во однос на лидерот на нивната партија, Али Ахмети. Според партијата од Мала Речица, изјавата на пратеничката повеќе личи на мешавина од сеќавања отколку на политички факт.
-Во целото тоа движење меѓу десетици станови што таа ги поседува, изгледа дека се збунила околу тоа кој со кого бил и каде бил. Едно е сигурно: Али Ахмети немал никаков состанок со неа, ниту пак некогаш имало понуди за влез во Владата или политички пазарења. Сè друго е обид за сензација, а не за вистината, порачуваат од ДУИ.
Стојаноска вчера рече дека Ахмети кажува дека со премиерот Христијан Мицкоски пред една година договорил предвремени избори, но не ја кажува вистината за, како што вели, „средбата во мојата канцеларија, каде нудеше влез во Владата, без да бара претседателско место во Собранието и со прифаќање едно министерско место помалку од тоа што го бараше Влен, само да биде дел од истата оваа влада“.
Стојаноска: Ахмети нудеше влез во Влада без спикерско место и прифати помалку министерства