📷Тоше денес ќе наполнеше 45 години: Тони Цетински објави спомени со покојниот пејач

Тоше и денес живее преку своите песни, зборови и дела. Остана запаметен по незаменливата хуманост, а во негова чест секоја година на 25 јануари се организираат крводарителни акции во Скопје и Крушево

од Nikola Popovski
32 прегледи

Да беше жив Тоше Проески, денес ќе го славеше својот 45-ти роденден. За жал, неговиот живот беше прекинат на 16 октомври 2007 година, кога загина во сообраќајна несреќа.

Сеќавањето на него никогаш не избледе, а сега и пејачот и негов добар пријател Тони Цетински се потсети на убавите времиња со покојниот пејач. Она што ги обединува, освен пријателството и истата професија, е нивниот дует „Лагала нас мала“.

Со нивните заеднички фотографии од настапот, Тони се потсети на среќните моменти со својот колега. Заедно со објавата, тој додаде: „Многу ми недостигаш. Засекогаш твој. Потпишувам!“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tony Cetinski (@tonicetinski)

Тоше Проески трагично загина на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, Република Хрватска. Посмртно беше прогласен за заслужен граѓанин на Македонија, а 17 октомври 2007 година беше прогласен за Ден на национална жалост.

Тоше и денес живее преку своите песни, зборови и дела. Остана запаметен по незаменливата хуманост, а во негова чест секоја година на 25 јануари се организираат крводарителни акции во Скопје и Крушево.

Слични содржини