Шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски, за невклучувањето на Македонија во Одборот за мир на САД, запрашан дали излеговме од периметарот на американскиот претседател Доналд Трамп, вели дека надворешната политика не треба да ја третираме низ призмата на симболика туку да ја гледаме низ призмата на резултати.
-Се работи за Борд за мир во Газа. Ние и по ова прашање комунициравме со администрацијата во Вашингтон. Нашето позиционирање треба да го гледаме низ призмата не само кои се нашите права, само сликата да се биде тука, туку и потенцоијалните обврски кои членуваат во овој Борд. Прашањето за Газа не е меѓу клучните приоритети на македонската надворешна политика. Во однос на партнерството со САД, низ призмата на праксата докажавме што значи да се биде во стратешки однос со оваа администрација. По добра соработка со САД, сега сме на тарифна рата од 15%, кажа Муцунски.
По однос на Одборот за мир, министерот вели дека прават анализи дали ние и би имале интерес да пристапиме кон ваква организација.
-Не треба да брзаме по ова прашање. Едното е да добиете права, но друго е какви обврски ќе се преземат, не само финансиски, туку и од друг аспект, додаде шефот на дипломатијата во вестите на Тв Сител.
Прашан дали немало потреба од политички средби во период кога Македонија има блокирани евроинтеграции, за да се лобира за решавање на проблемите на земјата, министерот одговори дека во јавноста се создал впечаток дека форумот во Давос е политички настан, но неговата главна цел е да се дискутира за економијата, трговијата и енергетиката.