38-годишник возел со 3,19 промили алкохол и излетал од регионален пат

Измерени му се високи 3,19 промили алкохол во крвта

од Nikola Popovski
15 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/МВР

На 26.01.2026 во 23:07 часот во Кратово, полициски службеници од ОВР Кратово го лишија од слобода С.С.(38) од с.Татомир, кратовско. Претходно, во 22:45 часот на регионалниот пат с.Татомир – Кратово, во с.Туралево, С.С. управувајќи возило излетал од патот, а по извршени проверки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 3,19 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.