Џамбаски контра Вучиќ: „Дрскиот шумадиец се бори Македонија да не стане дел од ЕУ“

Ставот на бугарскиот политичар следува откако вчера српскиот претседател рече дека неговата политичка борба околу европската интеграција не се однесувала само на Србија, туку и на Македонија и БиХ

од Nikola Popovski
32 прегледи Фото: Фејсбук/Ангел Џамбаски

Поранешниот европратеник и еден од копретседателите на партијата ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски реагира поради вчерашната изјава на српскиот претседател Александар Вучиќ поврзана за европскиот пат на земјите од регионот, меѓу кои и Македонија.

„Дрскиот шумадиец со шајкача се бори Србија, РСМ и Босна и Херцеговина никогаш да не станат дел од ЕУ. По нарачка на штуката“, стои во објавата на Џамбаски.

Ставот на бугарскиот политичар кој е познат по своите провокаторски и негаторски ставови кон Македонија следуваат откако вчера Вучиќ рече дека неговата политичка борба околу европската интеграција не се однесувала само на Србија, туку и на Босна и Херцеговина и на Македонија.

Вучиќ не ја исклучува можноста земјите од Западен Балкан да станат членки на Европската Унија заедно со Украина, преку забрзана постапка.

Вучиќ: Не само за Србија туку се борев и за Македонија и БиХ да станат дел од ЕУ