МВР со апел: Граѓаните да ги ажурираат своите податоци за „Безбеден град“ на посебниот шалтер во МТВ или во станиците за технички преглед

„Безбеден град“ стартува од 1-ви февруари, казните ќе се движат од 15 до 500 евра

од Nikola Popovski
12 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/ТВ Сител

Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека на посебниот шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.

Истото, може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.

-Со отворањето на овој шалтер Министерството за внатрешни работи уште еднаш ја потврдува својата заложба, отвореност и посветеност кон безбедноста и потребите на граѓаните, велат од ресорот полиција.

„Безбеден град“ стартува од 1-ви февруари. Измените на Законот за прекршоци, потребен за да профункционира системот, беше донесен со двотретинско мнозинство, односно за него во петокот во Собранието „за“ гласаа 81 пратеник, 19 беа „против“, а воздржани немаше.

Од Министерството за внатрешни работи вчера информираа дека казните ќе се движат од 15 до 500 евра, а ќе се санкционираат пречекорувањето на брзината на движење во и надвор од населено место, поминувањето на црвено светло, непрописното запирање и паркирање и учеството во сообраќај со нерегистрирано возило.