Вучиќ го навреди хрватскиот новинар по обвинувањата за „Сараевско сафари“, најавени тужба и кривична пријава

Истражувачкиот новинар Домогој Маргетиќ во петокот ги демантираше изјавите на српскиот претседател Александар Вучиќ, кој тврди дека не бил вмешан во тероризирањето на граѓаните на Сараево за време на војната во Босна и Херцеговина.

од desk4
20 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/Њузмакс

Во интервју емитувано оваа недела на Федералната телевизија, Вучиќ ги отфрли наводите дека учествувал во т.н. „човечки сафари“, пукање со снајпери врз цивили во Сараево, за што во исто време се води истрага и во Италија и во Босна и Херцеговина. Притоа, новинарот Маргетиќ, кој го обвинува за овие дејствија, го нарече „измамник“ и „патолошки лажго“.

Маргетиќ, од своја страна, изјави дека ваквите настапи на Вучиќ претставуваат обид за негова дискредитација и повтори дека актуелниот претседател на Србија бил вклучен во, како што ги нарекува, „туристички ловови“ на граѓаните на Сараево, со поддршка од српскиот воен водач Славко Алексиќ.

Хрватскиот новинар најави дека ќе поднесе тужба за клевета и кривична пријава против Александар Вучиќ поради навредливите изјави изнесени во интервјуто за Федералната телевизија. Тој тврди дека, покрај документите кои веќе ги има објавено, располага и со нови докази за наводната вмешаност на Вучиќ во воени злосторства и негово активно учество во опсадата на Сараево.