ДОЛГОВИ ВО ЗДРАВСТВОТО : Обврски од скоро 103 милиони евра!

Споредбата со состојбата во однос на третиот квартал од 2025 та, што ја направи „Локално“ покажува дека долговите на државното здравство за само три месеци се зголемиле за 23.300.000 евра. 

од Vladimir Zorba
20 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/ТВ Сител

Државната клиника за онкологија и Заедничката служба за набавки во здравството се двете најзадолжени државни институции. Сумираните податоци за  2025-та покажуваат дека на крајот на декември здравството прикажало доспеани а неплатени обврски кои надминаа 102 000 000 евра, износ кој досега е највисок.

Споредбата со состојбата во однос на третиот квартал од 2025 та, што ја направи „Локално“ покажува дека долговите на државното здравство за само три месеци се зголемиле за 23.300.000 евра.

Во првите „10“ најзадолжени“ во државата од секторот здравство се рангирани две институции. На високото 4 то место на новата „должничка листа“ на Министерството за финансии, со долг кој достигна 33.500.000 евра е заедничката служба за снабдување во здравствот, односно „ЈП Од областа на здравството за потребите на јавните здравствени установи и клиники“. Оваа институција која централнизирано ги спроведува јавните набавки, со години генерира долгови кои постојано се зголемуваат. За три месеци, или на крајот од четвртиот во однос на третиот квартал, доспеаните а неплатени обврски се зголемиле за 3.730.000 евра.

Со долг кој изнесува скоро 17.760.000 евра, на 7 мо место,  во друштво на  првите десет најзадолжени, е ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија“. Оваа државна здравствена институција со години се бори со долгови. За само три месеци износот на доспеани а неплатени обврски се зголемил за скоро 5.000.000 евра. Оваа клиника, која е единствена на ниво на државата за целосен третман на онколошките пациенти, освен што генерира долгови, изминатите години беше во фокусот на јавноста и поради периодичен недостиг на онколошка терапија која значи живот за онколошките пацинети.

Милионски долгови пријавиле и други здравствени институции, клиники и институти. Така, доспеани а неплатени обврски на „Институтот за трансфузиона медицина“ надминаа 6.028.000 евра, ЈЗУ „Универзитетска клиника за хематологија“ прикажала долг во износ од 5.450.000 евра а „Здравствен дом“ – Скопје минатата година ја заврши со неплатени сметки во износ од 5.211.000 евра. Во оваа група се и ЈЗУ „Универзитетска клиника за детски болести“ која на крајот од декември пријавила доспеани, а неплатени обврски, во износ од 5.000.000 евра и ЈЗУ „Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство“ со долг од скоро 4.000.000 евра.

На крајот од 2025-та вкупните доспеани обврски на државното здравствот достигнаа 102.960.100 милиони евра додека на крајот од третиот квартал од 2025-та изнесувале 79.648.303 евра. Долговите се во пораст и на квартално и на годишно ниво. „Локално“ веќе објави дека на крајот од 2025-та вкупниот внатрешен државен долг, кој го опфаќа и здравството,  надмина 665.800.000 евра и во однос на третиот квартал е зголемен за скоро 64.000.000 евра.

Д.А.