УПОЗ: Владата под притисок – прифатен предлогот на нашиот синдикат за поголеми плати

Синдикатот на УПОЗ во јануари 2025 протестираше заедно со вработените за зголемување на платите, а, како што велат, преговорите еднострано од Владата беа прекинати

од Nikola Popovski
50 прегледи Фото: Фејсбук/УПОЗ

Синдикатот на УПОЗ потврди дека во четврток во 16:45 часот, Владата се враќа на маса, за да преговара со нив за барањата од одржаните протести за зголемување на платите на вработените во управата и правосудството. Потсетуваат дека Синдикатот на УПОЗ во месец јануари 2025 година, протестираше заедно со вработените за зголемување на платите, а преговорите еднострано од Владата беа прекинати.

-Иако Синдикатот на УПОЗ се обидуваше тие преговори да продолжат, и вработените во управата и правосудството да добијат додаток на плата , а во месец октомври 2025 година, Синдикатот на УПОЗ се обрати до Владата на за предвидување на средства за 2026 година, за ова зголемување.

По одржување на протестот на 28. јануари, Владата веднаш излезе со „понуда“ за зголемување на платите на работниците во управата и правосудството, која без протест немаше да биде добиена.

Нагласуваме дека вработените имаат право на веќе стекнати права утврдени со колективни договори, и новото зголемување на платите ќе значи дополнително материјално право нешто за што Синдикатот на УПОЗ се залага, порачуваат од овој синдикат.

Од Владата обвинија дека со наводите на претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов за средба во работничкиот дом се создава лажна слика за социјалниот дијалог. Во оваа смисла оттаму ја потврдија средбата на премиерот Мицкоски за в четврток.

Претходно денеска, претседателот на ССМ информира дека премиерот утринава не се појавил во просториите на Синдикатот за да ја потпише спогодбата за зголемување на минималецот на 600 евра и зголемување на останатите плати за најмалку 100 евра. Трендафилов оцени дека е добро што премиерот го прифатил барањето на УПОЗ за зголемување на платите во управата и правосудството по речиси една година протести на работниците од овој сектор, но додаде дека денеска требало да се зголемат и платите на вработените во управата за 40 отсто.

Премиерот вчера повтори дека е подготвен за средба со Синдикатот на УПОЗ за потпишување на колективниот договор за државните службеници, но дека ќе мора да се согласат да се тргне делот за плати од општиот колективен договор кој, како што кажа, е збунувачки и за него ќе треба да се преговара.