Во текот на вчерашниот ден (02.02.2026), во периодот од полноќ до 20 часот направени се 508 прекршоци регистрирани преку системот „Безбеден град“.
Од нив, за надминување на брзината се 454 прекршоци, за поминување на црвено светло 42, а 12 лица возеле нерегистрирано возило.
Во Скопје се регистрирани 77,56% од прекршоците и тоа за надминување на дозволената брзина 359, за поминување на црвено светло 25 и 10 за нерегистрирани возила.
Во Куманово се регистрирани 7,68% од прекршоците. За брзина над дозволената 31, за поминување на црвено светло 7 и 1 за нерегистрирано возило.
Во Тетово се регистрирани 1,97% од прекршоците. За поминување на црвено светло се регистрирани 10 прекршоци, а нема забележано прекршок за брзина и нерегистрирани возила.
На Коридор 8 имало 21 прекршок за возачи кои возеле со брзина над дозволената, а на Коридор 10 за истата причина има 32 прекршоци.