СДСМ: Протестите против „Безбеден град“ не се начинот за решение

Лидерот на СДСМ демантира било каква вмешаност на неговата партија во протестите на дел од граѓаните од ромска националност

од Nikola Popovski
24 прегледи Фото: Принтскрин

СДСМ смета дека категории граѓани во државата не смеат да имаат проблем во однос на проектот „Безбеден град“. Порачуваат дека улогата на Владата е да излезе во пресрет на сите. Прекршување на закон не смее да се толерира, но бараат да се разговара со луѓето и да им се понуди решение за проблемот.

-Апсолутно демантирам. За протестите разбрав од медиумите ниту сметам дека тоа е начинот да се бара решение. Ние на почетокот кажавме за законот што сметаме дека е добро, а што лошо. Тоа е начинот да се најдат решенијата, кажа лидерот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес-конференција.

ВМРО-ДПМНЕ вчера обвини дека најголемата опозициска партија има вмешаност во организирањето на протестите на дел од граѓаните од ромска националност против измените на Законот за прекршоци и одземањето на возила на возачи кои немаат возачки дозволи.

„Луѓето што вчера протестираа против проектот „Безбеден град“, сликани за време на кампања заедно со поранешниот министер за внатрешни работи, поранешен премиер и сегашен пратеник на СДС, Оливер Спасовски“, рекоа утринава од партијата на Христијан Мицкоски.