Синдикатот на УПОЗ и премиерот Христијан Мицкоски имале конструктивна средба во Владата, со што може да се очекува зголемување на платите кај дел од јавната администрација. Според Трпе Деаноски од УПОЗ, иако не во целост, се прифатило барањето на Синдикатот – да се исплаќаат додатоците на плата кај вработени во администрација и правосудството.
-Како што најавувавме и минатата година, ќе бидат на неколку години на три рати, но, за жал, не за 10% туку за 8%. За жал не ги добивме минатата година, но, Владата прифаќа да ги исплаќа од сега, заедно со почеток од месец март. Тоа значи дека судовите и обвинителства ќе треба да потпишат поединечни колективни договори за да го добијат ова право. Она што треба да се доработи е да се спреми текстот на овие догвоори заедно со претставници на синдикатот и Владата. Потоа да биде ставено на гласање кај нас на орган и тело и да видиме дали колегите ќе го прифатат. Доколку го прифатат, нема да биде пречка за потпишување на тие поединечни колективни одговори. Доколку не го прифатат, Владата ќе добие договор дека веќе се изгуби една година и можеби вработените ќе бараат повеќе од сегашниот износ и потоа да видиме дали ќе има условувања од Владата за откажување од нешто друго, рече Деаноски во изјава за медиумите по излегувањето од средбата во Владата.
Претходно, понудата на Владата беше прифатена и од Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС), предводена од Благоја Ралповски. Премиерот Мицкоски претходно кажа дека понудата е на маса за 7800 работници кои се дел од јавната администрација да добијат зголемување од 40 проценти на платата, во периодот од две години. За гранковиот синдикат во рамки на ССМ, УПОЗ, ова е прифатливо.
Одговарајќи вчера на новинарски прашања во врска со разговорите за зголемување на минималната плата и платите во јавната администрација, премиерот истакна дека Владата има своја формула за пресметување на платите на административните службеници.