Пратеникот Мурати помина покрај блокадите: Со што сме докажале дека сме лопови?

-Не е проблем, зошто? Не е вистина дека сме (лопови). Со што сме докажале дека сме лопови? Ние на достоен начин си ја извршуваме нашата уставна обврска, рече Мурати од „Европскиот фронт“ кој пешки дојде до Собранието

од Nikola Popovski
56 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/Инфомакс

Поради денешните блокади на Собранието, голем дел од пратениците мораа да се снаоѓаат за да дојдат на своите работни места. Таков беше случајот и со пратеникот од пратеничката група на „Европскиот фронт“, Сали Мурати кој пешки дојде во зградата на Парламентот.

Тој поминувајќи, покрај втората блокада на Собранието на улицата „Даме Груев“, во изјава за медиумите порача дека „не е проблем што дошол пешки“.

-Не е проблем, зошто? Не е вистина дека сме (лопови). Со што сме докажале дека сме лопови? Ние на достоен начин си ја извршуваме нашата уставна обврска. Јас во изминатите денови сум се искажал за тоа – линеарно на сите слоеви треба да бидат процентите на платите, па да дојдеме до платите на пратениците, рече кратко Мурати запрашан дали се согласува да се намали платата на функционерите, пред да влезе во Собранието од задниот влез на зградата.

Во моментите кога пратеникот влегуваше во Собранието, работниците скандираа „лопови, лопови…“.