Сојузот на синдикати ќе ја блокира Стопанската комора на Македонија, Организацијата на работодавачи и Бизнис-конфедерацијата, в четврток точно напладне. Како што најави претседателот на ССМ, ќе се испрати апел до газдите кои ги блокираат работниците сите изминати години.
Трендафилов рече дека блокадите ќе траат сè додека не се донесе одлука за зголемување на минималецот на 600 евра и за зголемување на сите преостанати плати за 100 евра.
Од ССМ ги повикаа работниците кои ќе можат да им се придружат барем и на пет минути, затоа што, како што рече, другите ги бројат.
По завршување на блокадите, синдикалците ќе повикаат на голем работнички протест од сите градови, каде ќе им се даде шанса на сите работници да го искажат својот револт.