Објавена нова мапа на Европа: Македонија во „црвена зона“ со зголемена стапка на морталитет и отселување на младите

Во групата на земји меѓу кои е и Македонија, бројот на смртни случаи со години го надминува бројот на раѓања, а негативната нето миграција, особено заминувањето на млади и образовани луѓе во побогатите делови од Европа, дополнително ја забрзува депопулацијата

од Nikola Popovski
28 прегледи Фото: UN World Population Prospects

Европа станува сè пополаризирана демографски. Додека земјите од Западна и Северна Европа доживуваат раст на бројката на население, повеќето источни и јужни земји се соочуваат со зголемена стапка на морталитет. Ова го покажува најновата мапа на промените на населението за периодот од јули 2022 до јули 2023 година, врз основа на податоците на Обединетите нации од Извештајот за светската популација 2024, кој неодамна беше ажуриран и анализиран во експертски кругови. Земјите со зголемување (претежно на северозападниот дел од континентот) се означени со зелена боја, а оние со намалување (поголемиот дел од Балканот, Источна Европа и југот) се означени со црвена боја, пишува „ourworldindata.org“.

Земјите со пораст на населението се Обединетото Кралство, Ирска, Франција, Шведска, Норвешка, Данска, Холандија, Белгија, Германија, Швајцарија и Австрија. Во овие земји, нето миграцијата (повеќе доселени отколку отселени) повеќе од компензира за ниските стапки на наталитет, кои се под нивото на замена на населението насекаде во Европа.

Од друга страна, црвената зона ги вклучува Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Албанија, Бугарија, Романија, Унгарија, Полска, Словачка, Литванија, Латвија, Естонија, Грција, Италија, Шпанија, Португалија и Украина. Во овие земји, бројот на смртни случаи со години го надминува бројот на раѓања, а негативната нето миграција, особено заминувањето на млади и образовани луѓе во побогатите делови од Европа, дополнително ја забрзува депопулацијата.

Сличен тренд е видлив и во повеќегодишните податоци, а проекциите на ОН предупредуваат дека без промени во миграциската политика и стапката на наталитет во наредните децении, разликата помеѓу „растечката“ и „смалената“ Европа само ќе се зголемува.