Полицијата соопшти дека рано утрово бил уапсен поранешниот прв вицепремиер и екс-министер Артан Груби. Тој се појавил на граничниот премин Блаце и веднаш бил лишен од слобода.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи.