Грчката влада презентира закон со построги казни против нелегалното коцкање

Грчкиот министер за финансии Киријакос Пјеракакис презентираше закон со кој се предвидува воведување построги казни, вклучително и затворска казна и затворање на комерцијални објекти, како дел од напорите за борба против нелегалното коцкање, објави онлајн изданието на весникот „Катимерини“.

од Vladimir Zorba
9 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб

Грчкиот министер за финансии Киријакос Пјеракакис презентираше закон со кој се предвидува воведување построги казни, вклучително и затворска казна и затворање на комерцијални објекти, како дел од напорите за борба против нелегалното коцкање, објави онлајн изданието на весникот „Катимерини“.

Министерството има за цел да го ограничи пазарот кој, според официјалните бројки, надминува 1,6 милијарди евра годишно, објави весникот.

Според нацрт-законот, оние кои организираат игри без лиценца би можеле да се соочат со затворски казни и парични казни, а доколку игрите вклучуваат коцкање, прекршителите би се соочиле со долги казни и уште повисоки парични казни, забележа „Катимерини“.

Според податоците од Грчката комисија за коцкање (EEEP), речиси 800.000 луѓе се коцкале на нелиценцирани веб-страници, нелегални сали за игри и казина во 2024 година. Комисијата состави црна листа на нелегални онлајн платформи, која вклучува речиси 11.000 веб-страници.