Македонија нема да биде заобиколена од економските последици со кои се соочува светот и Европа по отворањето на новиот воен фронт – нападот на Иран. Последици ќе има, но во каков обем ќе бидат, ќе зависи од тоа колку ќе траат борбите на Блискиот Исток, оценува Џевдет Хајредени, еден од поранешните министри за финансии.
„Економски последици ќе има. Еве веќе цените на нафтата се зголемуваат, и натаму ќе растат. Нафтените деривати се „витален“ продукт“ за се, индустрија, фирми, граѓани, транспорт. Ако има застој во снабдувањето – следува економски колапс. Растечките цени на нафтените деривати значат инфлација – покап транспорт, поскапо производство и на крај поскапа храна . Значи сега повторно сме пред опасност од ценовен притисок. Оваа состојба може да се искомплицира и поради недостиг на нафта – значи и ќе ја нема и ќе бида скапа. Иран ја затвори најголемата светска “артерија“ за нафта, последици ќе има “ – вели Хајредини за „Локално“.
По саботниот напад на САД и Израел на Иран, истиот ден Техеран веднаш го затвори Ормутскиот теснец, со што се запре преминот на нафта преку главната трасашто го поврзува Персискиот Залив со Оманскиот Залив и Арапското Море. Според проценките, секоја година, 20% од испораките на нафта минуваат низ овој теснец или околу 500 милијарди долари во трговијата со енергија. На третиот ден од геополитичките турбулнеции, цената на суровата нафта на светските берзи достигна 100 долари за барел.
Домашните власти уверуваат дека внатрешно – политичката и економската состојба во земјава е стабилна. Како важен адут во премостување на евентуален кризен период се посочува Интерконекторот со Грција и стабилните нафтени резерви.
„Од Владата ме информираа дека состојбата е стабилна. Како што знаете, интерконекторот меѓу Грција и нас веќе е во функција и Владата изрази уверување дека ќе обезбеди покриеност со нафта во рамките на Законот за задолжителни нафтени резерви. Значи, добивме цврсто уверуваење документирано со податоци, дека во моментов нема причини од голема грижа. Се разбира, ќе ги следиме состојбите и соодветно ќе реагираме“ – изјава претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по завршување на Советот за безбедност каде се анализирала внатрешно-политичката состојба во државата по саботните напади на Иран.
Според поранешниот министер за финансии Хајредини, добро е што Интерконекторот со Грција е во функција, но посочува дека и самата Грција од некаде треба да ги снабди суровините и нафтата кои потоа треба да се испрачаат во Македонија.
„Колку долабоки и разорни ќе бидат економските последици ќе зависи од тоа колку долго ќе трае конфликтот кој веќе се прошири во повеќе земји од истокот, но и каква ќе биде политичката завршница“ – вели Хајредини.
Инаку Иран е четврти по големина производител на нафта во рамките на ОПЕК, но е и лидер според производството на природен гас. Освен цената на нафтата, за дури 25% се зголеми и цената на гасот во Европа додека на светските берзи првиот работен ден од оваа недела го почнаа со пад на цените на акциите.