Биљали – Зендели : Бројот на жените министерки во актуелната Влада е многу низок, „квотите“ по родов клуч ги „држат“ жените во Собранието!

Без квоти за родова застапеност, учеството на жените во политичкиот живот би било на уште пониско ниво од сегашното – вели во интервју за Локално Арта Биљали Зендели, поранешна пратеничка од ДУИ

од Vladimir Zorba
26 прегледи Фото: Фејсбук/Арта Биљали Зендели

Сликите на владиниот кабинет изгледаат, безмалку како слики од „машкиот дел на одделението”. На локално ниво, сликата е уште „помашка”. Освен што е поразителен, мислам дека е и навредувачки податок кон жените кои имаат знаење. Без квоти за родова застапеност, учеството на жените во политичкиот живот би било на уште пониско ниво од сегашното – вели во интервју за Локално Арта Биљали Зендели, поранешна пратеничка од ДУИ.

Според пописната статистика, половина од вкупното население во државата се жени, дали во општата генерлана политичко- економска слика, имаме пропорционална застапеност на жените на водечки позиции, во однос на нивното учевство во вкупниот број на население? Податоците покажуваат дека само 12,5% од сегашните “министри“ се министерки, или само 3 жени се дел од Владиниот кабинет.

-Според моите сознанија, застапеноста на жените во водечки позиции не е во пропорционален однос со вкупната бројка на жените во населението. Кога зборуваме за застапеност на жените во извршната Власт, Апсолутно, бројот на жените министерКИ во актуелната Влада е многу низок. Ова  не само што не се одразува добро врз “авансирањето“ на жените во политиката, туку и визуелно, сликите на кабинетот изгледаат, безмалку како слики од “машкиот дел на одделението”.

Малку поразлична е состојбата во парламентот каде застапеноста на жените е регулирана со квоти, со што е исполнет цензусот од над 30% застапеност.

-Да, благодарение на квотите, во Собранието бројката е посоодветна.  Но мислам дека тука политичките партии се на некој начин под притисокот зошто во спротивно, доколу не се исполната “квотите“ по родов клуч, односно доколку бројката и редоследот на жените во нив, не соодветствуваат со барањата на законските норми.ДИК ќе ги одбие

Од вкупно 80 општини во државата, плус Град Скопје, само четири добија градонаќалничка . Во проценти тоа значи дека застапеноста на жените во локалната самоуправа е со 4,9%. Дали ова е поразителен податок за политиката ?

-Да, за жал, на локално ниво, сликата е уште “помашка”. Освен што е поразителен, мислам дека е и навредувачки податок кон жените кои имаат знаење, се способни а имаат и воља за оваа позиција.

Кои се причините за ваквите состојби – сеуште присутни стереотипи, отстуство на соодветен “женски“ кадар за позиции? Дали застпеноста на жените во креирање на општествено политичките контури го сведуваме само како прашање на “бројки“ ?

-Во политичките партии, секогаш, за номинирање во важни позиции постои внатрешна борба меѓу претендентите за истите. Мажите, вообичаено настојуваат да ги елиминираат своите конкуренти со најразлични средства. Но кога станува збор за противнички од женски пол – знаат и да  користат одредени стереотипи и да ги наметнуваат како мини-концепти кои треба да преовладуваат. Често, тие стереотипи и успеваат да “победат“- за жал.

Македонија има законска регулатива за родова застапенсот. Се додека зборуваме за “квоти“ значи имаме проблем на оваа тема. Како да се променат и бројките за застапеност?

-Вистина е дека поправедно би било да нема потреба од квоти туку меритократијата да е одлучувачки фактор, но, за жал, податоците покажуваат, дека сега за сега, само квотите се спас за омекнување на разликата меѓу жени и мажи во политиката. Ова го тврдам, затоа што, единствено каде постојат квотите – состојбата е подобра. Без квоти- би било многу потешко и би нé имало уште помалку!

Д.А.