Владата одзеде уште шест лиценци за одгледување на канабис

Станува збор за законски пропусти при извршена проверка од комисијата којашто е надлежна да ги провери сите услови што треба да ги поседуваат фирмите

од Nikola Popovski
14 прегледи Фото: Global initiative

Владата донела одлука за одземање на уште шест лиценци за одгледување на канабис. Станува збор за законски пропусти при извршена проверка од комисијата којашто е надлежна да ги провери сите услови што треба да ги поседуваат фирмите.

Претходно, беа одземени уште шест лиценци.

Со тоа, бројот на фирми што останаа без лиценца за производство на медицински канабис порасна на 12, откако Владата на 24 февруари, им ги одзеде лиценците на шест фирми – „Алфафарм“, „Гринлајф“, „ЦБД медплант“, „Лајфплант“, „Атафарм“ и „Канабидоис“ – по наоди за низа неправилности, од административни и инфраструктурни, до технолошки и кадровски.

Одземањето на лиценците е во рамки на вонредните контроли што ги започна Владата што ќе опфати вкупно 43 правни лица кои се занимаваат со одгледување канабис.