Апасиев: Цело УМС го вработиле во Собрание, им викаат добар ден само на пратеници од ВМРО

„Не викаат добар ден на никој по ходници, освен на вмровски пратеници“, порачува пратеникот на Левица

од Nikola Popovski
40 прегледи Фото: Фејсбук/Собрание

Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев повторно обвинува за партиските вработувања во државните институции. Апасиев преку објава тврди дека најголемата владејачка партија, ВМРО-ДПМНЕ ги вработува членовите на својот подмладок во Собранието.

„Цело УМС у Собрание го вработија, како стафери. А знаете по шо ги познаваме? Не викаат добар ден на никој по ходници, освен на вмровски пратеници!? Тугоооо“, порачува пратеникот.