На 12.03.2026 година, 32-годишен маж од Битола пријавил во СВР Битола дека во периодот од 19.01.2026 до 13.02.2026 преку електронска пошта воспоставил комуникација со лице кое се претставило како директор на компанија за тргување со криптовалути.
Лажниот директор успеал да го доведе пријавителот во заблуда, при што мажот му овозможил пристап до својот компјутер и во повеќе наврати префрлил вкупно 340.000 денари.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и идентификување на сторителот.