Мицкоски се запиша во книгата на жалост во Кочани, по што доби беџ со скршено срце

Мајката на загинатата Надица Наунова му закачи беџ со скршено срце на премиерот на кое пишуваше „Кочани 16.03.2025“

од Nikola Popovski
11 прегледи Фото: Фејсбук

Премиерот Христијан Мицкоски денеска се наоѓа во Кочани на годишнината од трагедијата во дискотеката „Пулс“, поради што се запиша во книгата на жалоста. Притоа Мицкоски се поздрави со родителите и семејствата на загинатите.

Мајката на загинатата Надица Наунова, Габриела Наунова, му закачи на реверот беџ со скршено срце на кое пишуваше „Кочани 16.03.2025“.

Утрово со минута молк, точно во 2 часот и 32 минути, моментот што засекогаш го промени Кочани, беше оддадена почит на трагично загинатите во пожарот. Пред дискотеката „Пулс“ беа поставени срциња со испишани имиња на прерано згаснатите животи, под мотото светлина што останува.

Во Паркот на револуцијата поставени се 63 бели столчиња, 63 животи, симболичен мурал – визуелен споменик на недовршените соништа-ѕид на сеќавање. Во 10 часот имаше молитва за упокоените.