34-годишник приведен двапати во денот поради тоа што возел без возачка

Прво бил фатен како управува мопед, а подоцна патничко возило без положен возачки испит

од Nikola Popovski
12 прегледи Фото: МВР

На 15.03.2026 во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода К.М.(34) од Кавадарци. При сообраќајна контрола во 12:30 на улица „Дисанска“ во Кавадарци, полициските службеници запреле мопед со кавадаречки регистарски ознаки, кој го управувал, при што констатирале дека го управувал без положен возачки испит. По насоки од јавен обвинител тој бил приведен во полициска станица, а мопедот бил одземен.

Откако бил ослободен, истиот ден во 20:10 часот на улица „Љубљанска“ во Кавадарци, полициските службеници повторно го лишиле од слобода К.М.. овој бил затекнат како управувал патничко возило „фолксваген голф“ со кавадаречки регистарски ознаки без возачка дозвола, односно без положен возачки испит. По насоки од јавен обвинител тој бил приведен во полициска станица, а возилото било привремено одземено.

По документирање на настаните, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.