Македонец фатен како „лета“ со 223 км на час низ Грција

Уапсениот 49-годишен македонски државјанин бил запрен на автопатот Солун-Евзони

од Nikola Popovski
29 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб

Грчки сообраќајци уапсиле македонски државјанин кој е фатен како управува мотоцикл со брзина од 223 километри на час, на место каде што ограничувањето на брзината е 110 километри на час, јавува тамошната полиција.

Според истите информации, уапсениот 49-годишен македонски државјанин бил запрен на автопатот Солун-Евзони, односно на патот што води кон граничниот премин со нашата земја за излез од Грција, каде што возел со двојно поголема брзина од дозволената.

Државната телевизија ЕРТ објави дека на уапсениот му се одземени возачката дозвола и регистарските таблици, изречена му е казна од 700 евра, а денеска ќе биде изведен пред јавен обвинител.