Жестока дебата на 94-та собраниска седница на која на дневен ред е предлогот Ненад Савески за нов државен јавен обвинител. Пратеничката и потпретседателка на СДСМ, Јованка Тренчевска го праша колегата од ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов дали се уште „му е точна или му е избледена маичката со „Името не го даваме – Никогаш Северна, само Македонија“.
Тренчевска порача дека сега во опозициските редови имаат нови маички со паролите „ВМРО-ОКГ“ и, како што вели, тие ќе си ги носат.
-Кога зборуваме за кривични пријави, не заборавајте дека има и актуелни функционери од ВМРО кои што стојат таму и новиот обвинител треба да се покаже дека не е партиски, кажа пратеничката од собраниската говорница.
Претходно пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ ја праша пратеничката дали „маичката со СЈО ѝ е избледена или веќе е фрлена во ѓубре“. Порача дека тоа е важно за кредибилитетот.