Косовец ограбил Јужнокореец со кого биле во иста соба во хостел во Охрид

Сопственик на хостел во Охрид пријавил дека на гостин од Јужна Кореја му се одземени пари од лице од Косово

од Nikola Popovski
17 прегледи Фото: Локално

На 20.03.2026 во 14:40 часот во СВР Охрид 40-годишен маж- сопственик на хостел во Охрид пријави дека гостинот С.К. (24) од Јужна Кореја кај него пријавил дека му биле одземени пари од страна на Н.Д.(35) од Косово, со кого биле сместени во иста соба.

Потоа сопственикот на хостелот му се јавил телефонски на Н.Д. и кога побарал од него да ги врати парите, Н.Д. му упатил закани по животот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.