(Видео) Пијан, едвај стои: Објавена снима од апсењето на Џастин Тимберлејк поради возење под дејство на алкохол 

од Весна Трајкова
52 прегледи Фото: Принтскрин / Инстаграм

По речиси две години и долга правна битка, полициската снимка од апсењето на поп-ѕвездата Џастин Тимберлејк од јуни 2024 година конечно ја виде светлината на денот.

Видеоматеријалот дава детален увид во настаните што доведоа до апсењето на познатиот музичар за возење под дејство на алкохол.

Судијата пресуди дека таков материјал „не претставува неоправдано нарушување на приватноста“.

Снимките од полициските камери го покажуваат моментот кога полицаец го запира сивиот БМВ на Тимберлејк откако пејачот поминал на знакот стоп и возел кривејќи по патот. Во разговорот со полицаецот, Тимберлејк изгледа смирен, но и малку збунет. Кога полицаецот го прашува што прави во таа област, пејачот одговара дека е на турнеја.

– На што? – прашал полицаецот, не разбирајќи го.

– На светска турнеја. Тешко е да се објасни… Јас сум Џастин Тимберлејк – одговорил пејачот.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BBC News (@bbcnews)

Потоа, полицајците го замолија да излезе од возилото за да извршат тестови за трезвеност на терен. Видеото го прикажува како се обидува да оди во права линија и стои на една нога, губејќи ја рамнотежата неколку пати. За време на тестот, пејачот призна дека не се чувствува удобно.

– Малку сум нервозен. Срцето ми чука силно – рекол тој во еден момент, додека полицаецот со светилка му ги проверувал очите.

Набрзо потоа, видливо фрустриран, коментирал за тежината на задачите.

– Ова се навистина, навистина тешки тестови – рече Тимберлејк.

Објавувањето на речиси осум часа материјал дојде откако неколку медиуми поднесоа барање според Законот за слобода на информациите (FOIL) на Њујорк. Адвокатскиот тим на Тимберлејк поднесе тужба за да го блокира објавувањето, наведувајќи во судските документи дека снимката го прикажува пејачот „во исклучително ранлива состојба“ и дека нејзиното објавување „ќе го изложи Тимберлејк на јавен потсмев и вознемирување“.

Првично му беше одобрена привремена судска забрана, но на крајот беше постигнат договор. Властите на Саг Харбор, вклучувајќи го и градоначалникот Томас Гардела, нагласија дека целта на објавата е целосна транспарентност на полициските дејствија, со оглед на огромниот јавен интерес.

Да потсетиме, инцидентот се случил на 18 јуни 2024 година. Тимберлејк одбил алкотест и бил приведен под сомнение за возење под дејство на алкохол. Во септември истата година, тој постигнал спогодба со обвинителството и се изјаснил за виновен за мал сообраќаен прекршок, возење под дејство на алкохол, што не се смета за кривично дело во Њујорк. Тој бил осуден на парична казна од 500 долари и 25 часа добротворна работа.