Не велиме дека граѓаните со мерката за намалување на данокот на ДДВ стануваат милионери, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ по реакциите од СДСМ: „Заев купува плантажи во Африка“

од Nikola Popovski
149 прегледи Фото: Фејсбук

По соопштението на СДСМ дека власта власта тврди како народот ќе станат милиони со намалувањето на ДДВ-то за горивата, се огласија од најголемата владејачка партија. Повторно го споменаа името на екс-премиерот и поранешен лидер на СДСМ, Зоран Заев.

„Не велиме, како што тврди СДС, дека граѓаните со мерката за намалување на данокот на ДДВ стануваат милионери, туку дека 1,4 милиони евра остануваат кај граѓаните неделно.

Но, велиме дека Заев и Венко Филипче на грбот на граѓаните станаа милионери кои градат во Дубаи, а Заев купува плантажи во Африка“, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно СДСМ иронично порача дека „сите граѓани треба да купат нови паричници – во старите овие суми не ги собираат“.

„Поголем фрижидер, а може и нов автомобил, сега кога се воведени мерки за „намалување“ на цените со покачување од 4-6 денари или над 25 денари. Во ВМРО велат дека се штедат 1,5 милиони неделно. Навистина сме четврта економија во светот. Навистина сè цвета. Не кажуваат каде се оние 4,5 милиони неделно од последните 3 недели“, рекоа од „Бихаќка“.

Вчера Владата на вонредна седница донесе одлука за намалување на ДДВ за горивата од 18 на 10 отсто, што според премиерот Христијан Мицкоски, треба да го ублажи скокот на цените на дериватите. Одлуката ќе стапи во сила в понеделник на полноќ, односно на 23 кон 24 март и ќе трае во наредните две недели.