Кривични против четворица кои им се закануваa на полицајци и Тошковски на протестите против возачките дозволи

Истиот ден во домот на четвртопријавениот во Битола, третопријавениот упатувал навреди кон министерот за внатрешни работи, при што четвртопријавениот го снимал со мобилен

од Nikola Popovski
28 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб

СВР Битола поднесе кривична пријава против М.Ф.(59), М.Р.(48), Д.Ф.(45) и Ј.Ф.(41), сите од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна верска и друга дискриминаторска основа“ и „поттикнување“.

На 03.02.2026 на пат во близина на Битола и во Битола, пријавените организирале ненајавен собир, каде со поголема група на граѓани го блокирале сообраќајот и упатувале закани кон припадници на Министерството за внатрешни работи.

Истиот ден во домот на четвртопријавениот во Битола, третопријавениот упатувал навреди кон министерот за внатрешни работи, при што четвртопријавениот го снимал со мобилен телефон.

Ромите од Битола на 3 февруари излегоа на протести со блокада на магистралниот пат кон Охрид, а потоа протестираа и пред судот и полицијата. Побараа да се укинат законските измени со кои ако возач се затекне без возачка дозвола ќе му се одзема возилото. Во изјавите имаше и закани. По ова, премиерот излезе со изјава дека побарал министерот Панче Тошковски кон секој што го прекршил законот, се заканувал, јавно упатил закани, го загрозил мирот и безбедноста на граѓаните, жестоко да се одговори.