Анкета: Скопје и Подгорица во мртва трка за најгрд главен град на Балканот

„Урбан масакр“ и „супер кич“ - главниот град нa Македонија е цел на остри критики, а главната причина за тоа е спорниот проект „Скопје 2014“

од Nikola Popovski
64 прегледи Фото: Фејсбук/Принтскрин/МРТВ

Неодамнешната дискусија на популарната страница на „Reddit“ – „r/AskBalkans“ повторно го постави вечното прашање – кој главен град на Балканот е најнепривлечен. Корисниците од целиот регион не штеделе зборови, а во стотици коментари, два града се издвоиле како главни „фаворити“.

Социјалните мрежи отсекогаш биле совршено место за размена на мислења, а кога ќе се отвори темата за балканските градови, загарантирана е жива и искрена дискусија. Неодамна, на популарната платформа „Reddit“, на страницата каде што се собираат луѓе од нашето подрачје (r/AskBalkans), се појавило прилично директно и провокативно прашање, што предизвика лавина од коментари. Првичната објава со која се започна дискусијата гласел: „Сериозен разговор: Кој главен град на Балканот мислите дека е најгрд и зошто?“. Корисниците од целиот регион не штеделе зборови, а од стотиците одговори, јасно се издвоиле главните „фаворити“ за најнепривлечниот главен град, со она што многумина го опишаа како „мртва трка“ помеѓу Подгорица и Скопјe.

Главниот град нa Македонија бил цел на остри критики, а главната причина за тоа е спорниот проект „Скопје 2014“. Како што пренесува „Вечерњи лист“, проектот се обидел да му дал на градот „класичен“ изглед, но многу архитекти го осудиле како „националистички кич“ и „дизнификација“.

Многумина ја нарекле архитектурата „урбан масакр“, истакнувајќи како Скопје некогаш бил пријатен град за живеење.

„Ако го игнорираме масакрот што го направија во центарот на градот, тогаш Скопје изгледа како кој било друг град од поранешна Југославија. Единствената светла точка е старата чаршија, инаку е дистописка од една страна, а од друга целосно балканско предградие“, порачува друг корисник.

Градот е опишан и како „супер кич“, што, според еден од коментаторите, го прави забележлив, но „на многу лош начин“.

Интересно е што дури и поголемите метрополи од регионов не биле поштедени од критики. Поединци го критикувале Белград за изобилството на бруталистичка архитектура и напишале дека „не е убав во традиционална смисла“, иако нагласиле дека е полн со добри кафулиња и има неверојатно добра енергија за живот. Од друга страна, имало контроверзии околу Атина – додека некои се восхитувале на нејзината убавина, други истакнале дека градот е неверојатно огромен, но и „многу повалкан“, со екстремни контрасти каде што во еден момент гледате прекрасни пејзажи, а во следниот сте сведоци на многу тешки и темни сцени на улиците. Еден корисник исто така споменал дека Загреб не е најдобриот град бидејќи многу градови во Хрватска се поубави.