Ердоган: Турција недвосмислено е против учеството на курдските милитанти во нападите врз Иран

Израел започнал да се обидува да преговара со Работничката партија на Курдистан (PKK) и нејзиното иранско крило PJAK

од Кристијан Димков
28 прегледи Фото: Фејсбук/Реџеп Таип Ердоган

Турција ги предупреди САД, Ирак и курдските сили дека ќе преземе воена акција доколку курдските организации бидат вклучени во операциите против Иран.

Според информациите што ги добила Турција, со почетокот на нападот врз Иран, Израел започнал да се обидува да преговара со Работничката партија на Курдистан (PKK) и нејзиното иранско крило PJAK, кои во Анкара се означени како терористички групи, за нивно учество во борбите како копнени посреднички сили, пренесува информативниот портал „Туркије“.

За време на телефонскиот разговор меѓу турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и претседателот на САД Доналд Трамп, Ердоган недвосмислено се спротивставил на учеството на курдските милитантни групи во војната со Иран.