Вработените во МВР добија линеарно покачување од 2470 денари

Со имплементација на новиот Закон за внатрешни работи ќе биде разгледана можноста за дополнително покачување на плати за вработените во МВР

од Nikola Popovski
16 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/ТВ Ултра

Согласно објавениот нов податок за минимална плата, Министерството за внатрешни работи информира дека извршило линеарно покачување на платата за вработените во МВР во бруто износ од 2470 денари и тоа почнувајќи со исплата на плата за месец март 2026.

Оттаму додаваат дека во наредниот период, со имплементација на новиот Закон за внатрешни работи ќе биде разгледана можноста за дополнително покачување на плати за вработените во МВР.

-Министерството за внатрешни работи продолжува да ги подобрува условите за работа и стандардот на македонската полиција, а со тоа и целокупната безбедноста на државата и граѓаните, порачаа од ресорот кој раководи со македонската полиција.