Филипче: Со зголемувањето на минималецот за 1667 денари може да купите само по два килограми домати и краставици, табла јајца и четири литри бензин

„Не е точно дека имаме најниски цени на горивата во регионот. Хрватска и Словенија имаат многу слични на нас, а премиерот не кажува колкава е минималната и просечната плата во споредба со нивната“, кажа лидерот на СДСМ

од Nikola Popovski
60 прегледи Фото: Принтскрин/Фејсбук

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче го критикува премиерот Христијан Мицкоски дека очигледно не оди во маркет и не ги гледа цените на производите. Бара од Владата итно да преземат мерки за да спречи ценовни шокови на основните прехранбени производи.

-Што пратат во Владата? Зошто премиерот ги држи граѓаните во сиромаштија? Зголемувањето на минималецот за 1660 денари во оваа скапотија нема никаква вредност. Кошничката во овие три месеци е зголемена за 2500 денари. Со 1667 денари можат да се купат два килограми домати, два килограми краставици, табла јајца и четири литри бензин. Толку. Исто така, не е точно дека имаме најниски цени на горивата во регионот. Хрватска и Словенија имаат многу слични на нас, а премиерот не кажува колкава е минималната и просечната плата во спосредба со нивната. Во Хрватска, минималецот е 1000 евра, а во Словенија 1500, а имаме слични цени. Повторно изговори и повторно трик, рече Филипче на денешната прес-конференција.

Претседателот на СДСМ прочита и дека цените на лебот пораснале за 5-10 проценти, односно бил од 33 до 45 денари, а сега од 35 до 55 денари. За млекото рече дека цената била 78 денари, а сега 85 денари, односно најниските цени од 70 на 75 денари. За јајцата рече дека поскапеле во висина на 130 до 180 денари,