Секторот за компјутерски криминал при БЈБ и Министерството за внатрешни работи, во координација со Отсеците за компјутерски криминал при СВР Битола, СВР Охрид и СВР Струмица, спроведува координирана операција на територијата на Република Македонија, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Оттаму посочија дека во рамки на операцијата се вршат претреси на вкупно седум локации во насока на обезбедување докази за кривично дело „Производство и дистрибуција на детска порнографија“ по член 193-а од Кривичниот законик при што ќе бидат одземени компјутерски уреди и компјутерски податоци кои ќе послужат како доказ во понатамошната постапка.
Дел од медиумите пренесуваат дека, едно од лицата кај кого се врши претрес е Б.К. од Струга за кого постојат информации дека е претседател на бугарско здржение, кој воедно е и водител на поткаст.