Владата на вонредна седница донела одлука за намалување на акцизите за горивата

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес конференција изјави дека добил уверување од трговците и снабдувачот на горива дека домашните потрошувачи не се загрозени, иако има силен притисок од грааните од Србија, Албанија и Грција, кои полнат горива на бензинските пумпи кај нас

од Vladimir Zorba
35 прегледи Фото: Локално

Владата денес на вонредна седница донела одлука за намалување на акцизите за горивата, и тоа 4 денари на акцизата за дизел и 2 денари за 95 и 98 октанските бензини. Ова денес на прес конференција го соопшти премиерот Христијан Мицкоски, кој рече бидејќи веќе е прогласена кризна состојба со оваа одлука и овозможуваат на Регулаторната комисија за енергетика да носи одлуки со кои цените на горивата ќе останат како досега или ќе се намалат.

-Ако не се намалеше акцизата литар дизел ќе беше 102 денари. Така велат нашите калкулации по анализата на берзата, која поради велигденските празници беше затворена во четвртокот, а пак ќе почне со работа во вторник. Според овие анализи безоловните бензини ќе беа поскапи денар до 1,5 денари повеќе, изјави Мицкоски.

Тој додаде дека предпладнево имале дискусија и преговори со рафинеријата ОКТА, која се согласила да го продоли попустот на гориата од 3 денари за дизелот и 2 денари за бензините и тој ќе трае до крајот на април .

-Со тоа доаѓаме до цена која за дизелот ќе биде иста како и досега, така што потенцијалното зголемување од 7 денари го имаме амортизирано, додека кај бензините покрај оние 2 денари акциза ќе има минус два денари од она што го имаше како цена од минатата недела, изјави Мицкоски.

Тој рече дека минатата недела потрочувачката на горива на бензинските пумпи од 1,5 милиони пораснала на два милиони литри на ден и дека имаат силен притисок од соседите од северната, западната и јужната граница.

-Потрошувавачката на горива на одредени бензински пумпи е триплирана, што значи дека граѓаните на соседните држави доаѓаат кај нас да ги полнат резервоарите и да ги користат услугите на бензинските пумпи, изјави Мицкоски.

Премиерот рече дека нема потреба од никакво ограничување на потрочувачката на горивата, бидејќи од разговорите со трговците и снабдувачот добил уверување дека нема опасност да бидат загрозени домашните потрошувачи, иако е зголемена потрошувачката на горива.

-До овој момент се справуваме како што очекуваат грааните од нас. на дневна основа се решаваат предизвици, ако има поголеми предизвици ќе носиме и други мерки имаме план, изјави Мицкоски.

Тој рече дека поради кризата со горивата предизвикана од војната во Иран веќе го намалиле ДДВ на горивата од 18 на 10 проценти и дека таа мерка продолжува да важи до крајот на април, кога очекуваат и воениот конфликт да заврши.