Адеми го обвини Меџити: Со провокација се обиде да го наруши протестот на студентите Албанци

За време на протестот, еден од студентите се обиде да го спречи Адеми да учествува, изразувајќи незадоволство од неговото присуство

од Nikola Popovski
16 прегледи

Пратеникот на ДУИ и генсек на партијата, Арбер Адеми остро реагираше по вчерашниот студентски протест во Скопјe, обвинувајќи за обиди за провоцирање и компромитирање. Според Адеми, за време на протестот, еден од лидерите на ВЛЕН и градоначалник на Чаир, Изет Меџити се обидел да испровоцира преку еден од неговите активисти, Бесник Халити од Чаир, кој според него не бил студент.

„Денес, на студентскиот протест, Изет Меџити се обиде да провоцира на ниско ниво за камерите од еден од неговите активисти, по име Бесник Халити од Чаир, кој дури и не е студент. Целта е јасна: да се компромитира студентската и непартиска кауза за да се заштитат Филков и нивните бандити“, пишува Адеми.

Тој понатаму додава дека обидот за оцрнување на протестот не успеал.

„Кога не можете да го запрете протестот, се обидувате да го оцрните. Но, тие не успеаја. Студентите излегоа за право. ВЛЕН дојде да го прекине протестот, но не успеа“, нагласува Адеми.

На крајот од својата реакција, Адеми го изразува своето верување дека студентите ќе ја добијат оваа битка.

„Студентите ќе успеат, без разлика дали оние кои сега се исполнети со страв го сакаат тоа или не“, заклучува тој.

За време на протестот, еден од студентите се обиде да го спречил Адеми да учествува, изразувајќи незадоволство од неговото присуство.

Правосуден испит на албански јазик во Скопје не остана само студентско барање, туку прерасна во поширок политички и институционален судир, откако протестниот марш од центарот на градот заврши пред Министерството за правда со пораки дека Законот за употреба на јазиците не се спроведува, барања за оставка од министерот Игор Филков и ново отворање на старата дилема дали станува збор за право што веќе постои или за прашање што допрва треба законски да се расчисти.