Полициска акција во неколку градови – се апсат криминалци кои препродавале кокаин и хероин

Меѓу приведените, неофицијално се споменуваат и имиња познати во криминалните кругови

од Nikola Popovski
105 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб

Координирана полициска акција против нарко дилери утринава се спроведува на повеќе локации низ државата. Според неофицијалните информации, МВР преку Бирото за јавна безбедност и Одделот за организиран криминал, во координација со Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, спроведува акција во Скопје, Штип, Струмица и во скопското село Грчец.

Целта на оваа акцијата е криминална мрежа поврзана со трговија со кокаин и хероин.

Меѓу приведените, неофицијално се споменуваат и имиња познати во криминалните кругови.

Повеќе информации се очекуваат во текот на денешниот ден.