Во однос на евроинтегративниот процес, земјите од Западен Балкан долго време се во летаргија. Повеќето од земјите се преправаат дека сакаат да одат таму, ЕУ се преправа дека се прават дел од потребните реформи, изјави професор по економија и поранешен амбасадор на Србија во САД Иван Вујачиќ на јавната дебата „Насочување на европскиот пат: Можности и предизвици“ во организација на канцеларијата на поранешниот македонски претседател Стево Пендаровски.
Според него ЕУ треба да одлучи што ќе прави со земјите од Западен Балкан кои се последниот бастион на либерална демократија и да не се занимава со тоа кој победил на изборите во Венецуела, а не се интересираат за тоа кој победил на изборите во Србија.
-Сметам дека ЕУ треба да се соочи со она што и се случува во задниот двор, а задниот двор се токму земјите од Западен Балкан, изјави Вујачиќ.
Тој смета дека можноста Црна Гора прва од земјите од Западен Балкан да влезе во ЕУ е добар поттик и заостанатите земји, дека сепак тоа е можно и да не се откажуваат од тој пат и да продолжат со реформите.
– Во делот на Западен Балкан ако Црна Гора ја примат е добро сценарио за иднината бидејќи ќе ги поттикне останатите балкански држави дека тоа е можно. Вистината е дека владата на Србија се откажа уште пред десет години нема мрднато, има миннимален прогрес. Но тие не може да си дозволат да кажат „не ние не сакаме“, изјави Вујачиќ.
Смета дека ЕУ за земјите од Западен Балкан не треба само да вели дека „фрла кутии со можности“ на политички план, туку да овозможи размена на луѓето, односно да им овозможи да одат таму, да се враќаат со новостекнати искуства, без оглед дали се студенти, на универзитети или за каква и да е друга рамена и промената да ја донесат самите луѓе.
-Она што се случува со студентите е нечуено во Европа уште од пред многу години. Младите луѓе го поврзаа токму тоа барање за демократски институции и владеење на правото што го бараат од власта во Србија. Велат во Србија само 40 отсто од населението го поддржува влезот во ЕУ, но она што јас им го кажувам е дека по бомбардирањето и се она што се случуваше во кое учествуваа и дел од европските земји, се што е над 15 отсто поддршка за влез во ЕУ е добро, изјави Вујачиќ.
Е.Б.