Ахмети бара поддршка од Трамп, Фон дер Лајен и Макрон за „зачувување на достигнувањата“ од Охридскиот договор

Претседателот на ДУИ испратил отворено писмо до меѓународните партнери за политичките случувања во Македонија

од Nikola Popovski
18 прегледи Фото: Фејсбук

Демократската унија за интеграција ја информира јавноста дека претседателот на партијата, Али Ахмети го испратил своето отворено писмо до локалната и меѓународната јавност од 3 април, до меѓународните пријатели и партнери акредитирани во Македонија, како и до светските лидери и истакнати меѓународни личности.

Во својот вовед, Ахмети ја нагласува континуираната посветеност на ДУИ за целосно спроведување на Охридскиот договор, изградбата на демократска и мултиетничка држава и евроатлантската интеграција на земјата. Тој изразил загриженост за неодамнешните политички случувања што влијаат на овие достигнувања, вклучително и отстранувањето на механизмот за балансирање за фер и соодветна застапеност на заедниците, предизвиците во функционирањето на институциите што го спроведуваат Законот за употреба на јазиците и иницијативите за поткопување и оспорување на овој закон пред Уставниот суд.

Отвореното писмо, објавено на 3 април 2026 година, е упатено до сите амбасадори на земјите-членки на Европската Унија акредитирани во земјата, како и до следните меѓународни лидери и личности:

Шефови на држави, премиери и поранешни лидери:
• Претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Џ. Трамп
• Претседател на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен
• Премиер на Обединетото Кралство, Кир Стармер
• Претседател на Француската Република, Емануел Макрон
• Канцелар на Сојузна Република Германија, Фридрих Мерц
• Премиер на Италијанската Република, Џорџија Мелони
• Поранешен претседател на Соединетите Американски Држави, Џорџ В. Буш

Како и до претставници на меѓународни организации и дипломати како што се:

• Државен секретар на САД, Марко Рубио
• Генерален секретар на НАТО, Марк Руте
• Заменик-генерален секретар на НАТО, Радмила Шекеринска
• Потпретседател на Европската комисија, Каја Калас
• Амбасадор на Европската Унија во Република Северна Македонија, Михалис Рокас
• Заменик-државен секретар на САД, Кристофер Ландау
• Шеф на Биро за европски и евроазиски прашања во Стејт департментот на САД, Брендан Ханрахан
• Заменик-помошник државен секретар за Западен Балкан, Колин Хајланд
• Заменик-генерален секретар на ОН за политички прашања и градење мир, Розмари Ди Карло
• Амбасадор на ЕУ и специјален претставник на ЕУ во Косово и поранешен амбасадор на ЕУ во Македонија, Аиво Орав
• Постојан претставник на Словенија во ОН, Самуел Жбогар
• Амбасадор на Кралството Норвешка, Арне Санес Бјорнстад
• Заменик-шеф на присуството на ОБСЕ во Албанија, Кларис Пастори

Поранешни претставници и истакнати меѓународни личности како што се: Џорџ Робертсон, Ерван Фуере, Федерика Могерини, Дејвид Гир, Питер Фејт, Хавиер Солана, Викторија Нуланд, Роберт Гелбард, Лоренс Е. Батлер, Крег Џенес, Донато Кјарини, Кетрин Ештон, Кристоф Хојсген, Николас Бигман, Лари Батлер, Дин Куран, Денис Близ, Џејкоб Мекферен и Даниел Сервер.

-Преку ова писмо, претседателот Ахмети бара континуирана посветеност и поддршка од меѓународните партнери за зачувување на достигнувањата од Охридскиот договор, зајакнување на стабилноста и унапредување на евроатлантската перспектива на Република Северна Македонија, стои во објавата на ДУИ.

Пред една недела, лидерот на партијата од Мала Речица се осврнува на статусот на албанскиот како официјален јазик. Порачува дека за него, албанскиот јазик не е и никогаш нема да биде предмет на преговорање. Лидерот на ДУИ вели дека со загриженост се следат и одредени пристапи на институциите, особено во Уставниот суд, кои, како што вели, создаваат непоколебливо уверување дека во чувствителни прашања за меѓуетничките односи не преовладува професионалниот и уставниот аргумент, туку етнички мнозинска логика, застарена која не се совпаѓа со духот на Охридскиот договор.

Ахмети со отворено писмо: Реториката „можете да зборувате албански колку сакате, но има само еден официјален јазик“ не е ниту модерна ниту европска

Слични содржини