Над 16.000 граѓани ја напуштиле Македонија преку „Табановце“ и „Богородица“

Гужви на границите за Велигден, граѓани заминаа на продолжен викенд

од Nikola Popovski
11 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб

На Граничниот премин „Богородица“ од вчера напладне до денеска напладне излез од државава оствариле 6864 македонски граѓани, а излез 1394. Во истиот период регистриран е влез во државава на 4.753 странски државјани и излез на 5070, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Поголема е гужвата на граничниот премин „Табановце“, каде од вчера на пладне до денеска влез во државата оствариле 3 158 македонски државјани, а излез 9 150. Кај странските државјани, 7 360 влегле, додека 5 449 ја напуштиле државата.

На преминот „Дојран“, регистрирани се 241 влез и 546 излези на македонски државјани, додека кај странците 1 212 влегле, а 1 114 излегле од државата.

На граничниот премин „Меџитлија“, влез во државата оствариле 129 македонски државјани, а излез 832. Кај странските државјани, 3 347 влегле, додека 3 038 ја напуштиле државата.

Од денеска започна целосната имплементација на системот за влез во Европската Унија со што на надворешните граници на ЕУ се воведува нов, дигитализиран начин на евиденција и контрола на државјани кои патуваат за краткорочен престој, а се од држави кои не се членки на ЕУ.

Од МВР велат дека и преземаат сите потребни мерки и активности и оти ставени се во функција сите расположливи материјално-технички и човечки ресурси, со цел обезбедување брз и непречен проток на патници на нашите гранични премини.