Платформата за онлајн резервации на сместување Booking.com ги предупреди своите корисници дека била цел на хакерски напад во кој „неовластени страни“ добиле пристап до неодреден број имиња, контакт информации и детали за резервација на клиентите.
„Откако ја откривме активноста, презедовме мерки за да го локализираме проблемот. Го ажуриравме ПИН-бројот за овие резервации и ги известивме нашите гости“, се вели во соопштението, објавено од Гардијан.
Компанијата со седиште во Амстердам не соопшти колку луѓе биле погодени од хакерскиот напад, а нејзиниот портпарол рече дека хакерите немале пристап до „финансиски информации“.