Хонорарците со предупредувачка протестна акција пред МТСП

од Vladimir Zorba
90 прегледи
Пред Министерството за труд и социјална политика за неполn час, со почеток во 11 часот ќе се организра  протестна акција  на хонорарците., предводени од потписниците на Синдикланата повелба
хонораци

Синдикатите и здруженијата на граѓани потписници на Повелбата за солидарност заедно со хонорарци денеска имаат намера да го преплава    министерството   со барања на одговори за сите нејаснотии поврзани со уплатата на придонеси за хонорари.  Планот е секој хонорарец да поднесе барање за информација од јавен карактер до Министерството, a потоа да им се придружи на останатите пред министерството. Поднесувањето барања се планира да трае два часа.

Урнекот на барањето за информации од јавен карактер можете да го преземете тука.

Прашања можете сами да поставите или можете да преземете некое прашање од листата што може да ја преземете тука.

– „Целта ни е да покажеме дека има голем број нејаснотии во измените на петте закони изменети лани летото. Секој хонорарец за сите прашања што го интересираат во врска со хонорарите ќе поднесе барање за барања за информација од јавен карактер од Министерството за труд и социјална политика и потоа ќе се приклучи на собирот што се организира пред зградата на Министерството за труд . Би било добро да излезе министерот за труд и лично да ги даде одговорите но не очекуваме , дека ќе има храборст за тоа “ ,објаснуваат  организаторите. НА крајот на оваа акција ќе биде објавен  и денот кога Синдикалната повелба ќе го реализира големиот претест на хонораците, кој неофицијално треба да се оддржи во Петок на 13 февруари.