Владата ќе зема од невработените хонорарци, за да плаќа 3000 нови административци кои ќе станат редовно вработени

од desk3
127 прегледи

Владата на Република Македонија го усвои предлог-законот за трансформација во редовен работен однос.

Ова значи дека над 3000 лица кои се вработени во државните институции, по однос на определно работно време, волонтери со договори, договори на дело или авторски договори, ќе бидат вработени на неопределено време.

-Сите лица ангажирани кои не се во редовен работен однос, најмалку 3 месеци, заклучно со 30.11.2014-та ќе може да го оставарат правото на договор на неопределено време, истакна вицепремиерот Пешевски.

Законот стапува на сила по донесувањето во Собранието, а институциите имаат рок од 30 дена да склучат договори со лицата.

Договорите ќе се склучуваат во 3 групи етапно. Првата веднаш, во која ќе бидат вклучени 35 отсто од лицата со вакви договори, втората од 01.12.2015-та и третата од 01.09.2016-та.

Приоритет ќе имаат оние лица кои се ангажирани најдолго време со вакви договори.

Претходно Собранието ги изгласа измените во социјалните закони со кои  35% од хонорарите одат за државните фондови и персоналец. Потоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ предложија да не се даночат сите вработени кои ќе имаат хонорари над 21 000 денари, а повторно ќе се се земаат 35 % од невработените кои земаат повеќе од 9500 денари по основ на хонорари , претставувајќи го тоа како социјална реформа на законот.

Од повелбата против законот за хонорарци велат дека поради игнорантскиот однос на власта не се откажуваат од протестите в петок. Виктор Илиески од Синдикатот за култура за РСЕ вели дека ниту на самото донесување на Законот за хонорарци не биле консултирани засегнатите страни, а таков е случајот и за новите измени.

„Првото и главно барање беше комплетно да се повлече законот и после тоа да се седне на маса, да се предложат сите работи коишто се добри за буџетот на Република Македонија, меѓутоа да не се оштетени граѓаните, односно и вработени и хонорарците и невработени“, вели тој.

Илиески додава дека веќе штетата е направена, некои хонорарци останале без работа, други не се ангажираат и поради тоа има огромно незадоволство.