Над 50% од жените се плашат да влезат во салата

од Vladimir Zorba
139 прегледи

Многу жени копнеат да ја намалат тежината и си ветуваат дека ќе станат редовни во салата. Кога ќе дојдат пред прагот сепак, тие чувствуваат силна непријатност и по неколку тренинзи се откажуваат.6923cc2c93e4b9fa1f02941fe2f510f5

Неодамнешна британска студија покажува дека голем дел од претставничките на понежниот пол чувствуваат страв од групни вежби и посетата во салата.

Во анкетата во која учествуваа и двата пола, 84% од жените признаваат дека се откажуваат од употребата на справата која ја сакаат, ако е зафатена од друг човек, па дури и не се осмелуваат да го замолат да им ја отстапи или да го прашаат колку мора да почекаат.

Причините поради кои дамите да чувствуваат непријатност во салата се различни. Меѓу главните влегуваат ниската самодоверба;внатрешни комплекси, гледајќи извајани тела на други кои тренираат; незнаењето како да се справат со апаратите; проблемите и недостатокот на координација, кога работат во група; поагресивни мажи и жени, кои се однесуваат како дома во салата и ги тераат да се чувствуваат како да не припаѓаат на самото место;провокативните движења во различни тренинг кругови кои ги тераат да застануваат во компромитирачки пози.

Сето тоа ги тера жените да чувствуваат срам и на крајот тие лесно се откажуваат од спортот, дури и да сакаат силно да ослабат и да влезат во форма.

Повеќето луѓе кои не ја посетуваат често салата, немаат идеја со што да започнат и како да тренираат целосно. Ако сте еден од нив, еве што може да направите за да ја победите несигурноста и стравот од салата / тренинзите:

– Ангажирајте ваш професионален тренер. Така ќе се претворите во изведувачи, а и до вас секогаш ќе има компетентен човек кој ќе ви ја објаснува детално целта и исполнувањето на секоја вежба и ќе ве мотивира. Тој ќе се грижи и да ги имате на располагање потребните апарати за да го исполните вежбањето непречено.

– Одете со пријател, кој знае како да се однесува во салата. Така ќе добиете друштво и евентуален бранител од нападните и дрски посетители кои тренираат. А и тој / таа исто така може да ви помогне при изработката на планот на вежбањето.

– Останете во задните редови. Ако сте љубители на групни активности (танц, аеробик, зумба и т. н.), застанете поназад, па да не се грижите дека сите ве гледаат. И да заплеткате со некое движење, не е страшно. Ако ви е тешко да го фатите ритамот, на крајот на часот разговарајте со инструкторот и замолете го за совет, за да може побрзо да влезете во форма.

– Прошетка во сали / часови само за жени. Ако ви пречи машкото присуство во салата, изберете фитнес сала, која е специјално за жени. Така нема да се грижите дека додека се тегнете и се чепатите, господата ќе ве соблекуваат со очи и ќе  коментираат на широко со останатите во салата.