Средбата со родителите на вашата девојка може да биде стресно искуство.Веројатно сакате да добиете одобрување и нивните симпатии, но секогаш има шанса да погрешите. Нема како да предвидите што точно ќе се случи на семејниот собир, но тоа не ве спречува да се подготвите и да го дадете најдоброто од себе.
Еве и што да направите:
Напишете ја вашата домашна задача
Распрашајте ја девојката за нејзиното семејство.Нека ве предупреди за она што е подобро да ги премолчите и какви се хоби и интереси имаат нејзините родители, за да може да се вклучите вешто во разговорот и да им посветите адекватно лично внимание.
Бидете самоуверени
Дури и да сте многу нервозни, не се однесувајте како студент на прва средба.Одговарајте внимателно на нивните прашања и заобиколувајте ги неудобните теми со финес. Покажете им јасно какви ви се намерите спрема нивната ќерка и не се навредуајте од поголемата љубопитност. Имајте трпение.
Облечете се соодветно
Не се заморувајте и не трчајте да купувате смокинг. Доволно е да ги оставите тренерките и патиките дома и да се обложите на спортско-елегантниот стил, во кој сепак да се чувствувате удобно.Не заборавајте и на личната хигиена! Избричете се, истуширајте се, исчистете ги ноктите и ставете парфем. Изгледот е важен за првиот впечаток.
Покажете кавалерство
Родителите нејзино ќе се пресреќни ако покажете кавалерски однос. Земете го палтото на саканата кога ќе сте на прагот, повлечете ѝ го столот да седне, не ја прекинувајте, намсевнете се шармантно и не грижете се да и ја држите раката или нежно да ги допирате нејзините рамена кога сте блиску еден до друг. Покажете почит и кон постарите луѓе во домот и ќе ги добиете лесно на своја страна.