Во аудио снимката подоле која можете да ја слушнете непознато лице на водителот на емисијата му наредува да ја прекине програмата и да му ја даде својата лична карта со цел легитимирање на истиот.
Службеникот кој побарува документ за лична идентификација вели дека спроведува наредба од шефот и му се обраќа на дрзок начин на водителот да оди пред него!
Оваа реакција на раководството на МРТВ и обезбедувањето следува по поканата од страна на радиото канал 103-ка кон лидерот на политичката партија Достоинство Стојанче Ангелов да гостува во емисија. Еве го видеот пред тоа вечерта кога тие разговараат со Ангелов и го канат на емисија.
Тортурата и притисокот од владејачката партија на најдрзок и безобразен начин очигледно продолжува да врши притисок врз неистомислениците, пренесува centarnews.net !
